Балкан Вести

Вучиќ примен во болница oткако му се слошило за време на посетата на САД

Српскиот претседател Александар Вучиќ попладнево е примен на Воено – медицинската академија во Белград, објавуваат тамошните медиуми. Претходно на Вучиќ ненадејно му се слошило за време на посетата на Соединетите Американски Држави, по што побарал медицинска помош и по прегледот одлучил да се врати во Србија.

Во моментот кога му се влошила здравствената состојба, Вучиќ се подготвувал за следните средби во САД, пишува Радио-телевизија Србија. Регионалниот сервис на Радио Слободна Европа пишува дека пред заминувањето за САД, Вучиќ изјавил дека за време на посетата ќе има две средби со американскиот претседател Доналд Трамп.

Според претходните најави, по посетата на САД, Вучиќ треба да отпатува во Москва за да го одбележи Денот на победата над фашизмот на 9 мај.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Гласот на Америка“ се враќа по известувањето на министерството за правда

Дејан Дејан

Уапсено лице на граница под сомнение дека си ја усмртил сопругата

Дејан Дејан

Општината Гази Баба добива 9 милиони евра од Владата – најголем дел е предвидено за изградба на улици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе