Почеток на работата на автопатската делница долга 17,5 километри, која ќе чини околу 90 милиони евра. Прoeктот предвидува шест сообраќајни ленти, три во секој правец, односно две возни ленти и една за застанување.
Проценките на власта се дека автопатот ќе биде готов за две и пол години. Од американскиот конзорциум „Бехтел и Енка“, којшто гради на повеќе локации низ државата, велат дека се соочуват со проблеми како релокација на инсталации, достапност на камења и недостиг на вработени.
Засега работат со 1.700, пред се локални жители, а планираат да стигнат до 2.600 работници, бараат од камионџии до инженери.