Вести Македонија

Општината Гази Баба добива 9 милиони евра од Владата – најголем дел е предвидено за изградба на улици

Градоначалникот на Општина Гази Баба изјави дека Општината Гази Баба во рамките на Јавниот повик за финансирање на инфраструктурни проекти од Владата  добие 9 милиони евра.

Со овие средства е предвидено да се реализира изградба на нова детска градника меѓу Маџари и Керамидница како и нова училишна спортска сала за ООУ „Григор Прличев“ во Железара.

Предвидено е дополнително изградба на фекална канализација во Јурумлери, Идризово и Дрма, а во соопштението се додава дека ќе се догради и основното училиште „Крум Тошев“ во Трубарево.  Средствата се предвидени да покријат и изградба на неколку улици и патишта.

Градоначалникот Стефковски додаде дека за сите проекти е изготвена целокупната документација и дека постапката за изградба ќе започне откако ќе се избере економски оператор за реализација на  градежните активности.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Гласот на Америка“ се враќа по известувањето на министерството за правда

Дејан Дејан

Уапсено лице на граница под сомнение дека си ја усмртил сопругата

Дејан Дејан

Најмалку седум загинати и 20 повредени во бомбардирање болница и аптека во Јужен Судан

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе