Балкан Вести Свет

Ниту денеска не е избран претседател на косовскиот Парламент

И на денешното – десетто продолжение на конститутивната седница на Собранието на Косово, не беа избрани ниту претседателот, ниту потпретседателите на Собранието, бидејќи пратениците не прифатија формирање изборна комисија.

Претседавајќи со седницата, пратеникот од Самоопределување, Авни Дехари, повторно побара од пратеничките групи предлог за комисија, што ќе го следи тајното гласање.

Освен од Самоопределување, кандидати за членови на изборната комисија поднесоа и претставници на немнозинските заедници.

Претставници на Демократската партија на Косово, Демократскиот сојуз на Косово, Српската листа и Алијансата за иднината на Косово се изјаснија против тоа.

После тоа, претседателот го стави на гласање предлогот за состав на комисијата, и тоа не го доби потребното просто мнозинство од 61 глас ниту овојпат, ниту пред два дена.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Гласот на Америка“ се враќа по известувањето на министерството за правда

Дејан Дејан

Уапсено лице на граница под сомнение дека си ја усмртил сопругата

Дејан Дејан

Општината Гази Баба добива 9 милиони евра од Владата – најголем дел е предвидено за изградба на улици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе