Работат на отворено, не ретко изложени на повреди, но се уште немаат земено плати за март, а од вчера веќе немаат ни здравствено осигурување. Синдикалната организација на Зоолошката градина реагира поради неисплатените плати поради кои вработените во оваа установа под Град Скопје се ставени во неизвесна положба.
Не се сигурни каде е проблемот со доцнењето на платите, но бараат надлежните да го решат. Од СОНК, чиј член е Синдикатот на Зоолошка градина, рекоа дека ако од утре не биде решен проблемот со платите, јавноста ќе дознае дека вратите на установата која особено ја посетуваат децата, се затворени.