Кремљ остро го критикуваше историскиот договор за експлоатација на минералните ресурси потпишан од страна на американскиот претседател Доналд Трамп и Украина, иронично фалејќи го американскиот лидер за склучување договор со земја за која Москва вели дека наскоро ќе “исчезне“.
Трамп конечно го принуди режимот во Киев да плати за американската помош со природни ресурси”, изјави заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност Дмитриј Медведев на својот канал нa Телеграм.
“Сега земја која е на работ на исчезнување ќе мора да го искористи своето национално богатство за да плати за воена опрема”, додаде тој.
“И Сенатот на САД предводен од републиканците се подготвува да наметне нови “катастрофални санкции” против нас… Ќе видиме каков одговор ќе даде новата администрација. Рејтинзите на Трамп опаднале, а “длабоката држава” му пружа жесток отпор”, изјавил Медведев во пост кој исто така се осврнува на американските тарифи.
Стејт департментот на САД веќе го извести Конгресот за својата намера да продаде воена опрема на Украина во вредност од 50 милиони долари.