Вести Свет

По скандалот за синџирот со пораки Валц кој беше советник за национална безбедност на Трамп ја напушти функцијата

Советникот за национална безбедност на Белата куќа Мајк Валц, ја напушта aгенцијата, што претставува прва голема измена на кадар откако претседателот Доналд Трамп дојде на власт.

Валц се најде под жесток надзор во март по откритието дека го додал новинарот Џефри Голдберг во приватен синџир на пораки на апликацијата за шифрирани пораки „Сигнал“ која се користела за да се разговара за планирање на чувствителна воена операција на 15-ти март против Хутите во Јемен.

Лаура Лумер, сојузник на претседателот од крајната десница, исто така го нападна Валц, велејќи му на Трамп во разговор во Овалната соба дека треба да ги исчисти помошниците за кои таа смета дека се недоволно лојални.

Валц, кој служеше во Претставничкиот дом три мандати пред неговото доаѓање во Белата куќа, е најистакнатиот висок функционер на администрацијата што ја напушти, откако Трамп се врати во Белата куќа. Претходно американскиот претседател Трамп за време на првиот мандат смени четири советници за национална безбедност, четири началници на кабинетот на Белата куќа и двајца државни секретари.

Синџирот на пораки, исто така, покажа дека министерот за одбрана Пит Хегсет го дал точното времиња на лансирање на воените авиони и пад бомбите. Валц претходно ја презеде „целосната одговорност“ за градењето на синџирот на пораки, а претставниците на администрацијата ја опишаа епизодата како „грешка“. Валц тврдеше дека не е сигурен како Голдберг завршил во синџирот на пораки и инсистираше дека не го познава новинарот.

Трамп и Белата куќа изјавија дека во синџирот на пораки не се споделени класифицирани информации и му дадоа поддршка на Валц.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зеленски задоволен од склучениот договор за минерали со САД

Дејан Дејан

Според ИНСТАТ на аеродромот во Тирана во првиот квартал од годинава регистрирани се  2 милиони патници

Дејан Дејан

САД инвестираат 500 милиони долари за универзални вакцини

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе