Вести Македонија

Meџити со честитка за Први Мај: Работниците се непоколеблива сила на нашиот напредок

Првиот заменик на претседателот на Владата на Северна Македонија, Изет Меџити, упати честитка по повод 1 Мај-Меѓународниот ден на трудот, изразувајќи благодарност до сите работници кои со посветеност и чесност секојдневно придонесуваат за развојот на општеството.

„Работниците се непоколеблива сила на нашиот напредок – наставниците кои ги едуцираат генерациите, здравствените работници кои го штитат животот, полицајците кои ја обезбедуваат безбедноста, земјоделците кои ја хранат земјата, градежниците кои ја формираат инфраструктурата, и сите останати кои секојдневно ја движат државата напред“, наведува Меџити во честитката.

Тој потсети „на заложбите на Владата за отворање нови работни места и решавање на статусот на илјадници работници, како и на конкретните мерки што се преземени, вклучувајќи го зголемувањето на платите во клучните сектори како образованието, здравството и безбедноста, субвенциите за земјоделците, зголемувањето на минималната и просечната плата, како и пензиите“.

„Знаеме дека секој работник заслужува повеќе: заслужува почит, поддршка и мотивација. Нашата развојна политика се темели врз достоинството на трудот и работникот. Токму оваа основа ќе ја зајакнеме и понатаму, со решителност и јасна визија за поправедна иднина за сите“, посочи Меџити.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зеленски задоволен од склучениот договор за минерали со САД

Дејан Дејан

Според ИНСТАТ на аеродромот во Тирана во првиот квартал од годинава регистрирани се  2 милиони патници

Дејан Дејан

САД инвестираат 500 милиони долари за универзални вакцини

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе