Во честиките за работникот се одзва и премирот. На својот Фејсбук профил напиша: „Владата и во иднина продолжува да биде целосно посветена на подобрувањето на животниот стандард на граѓаните. Преку зголемување на минималната и просечната плата, зголемување на пензиите, поддршка за нови работни места, унапредување на работничките права и намалување на невработеноста, вложуваме во вистинските вредности – трудот, знаењето и човекот.“
Претседателката на државата Гордана Силјановска-Давкова честиташе со зборовите: „Убедена сум дека само задоволниот работник може да биде продуктивен, ефикасен и ефективен. Први мај е вистинскиот ден кога ние, носителите на власта треба да се запрашаме: Дали и како се остварува правото на работа, дали секој има слободен избор на вработување, дали вработените се заштитени при вработувањето, дали се соодветно материјално обезбедени при невработеност, дали секому под еднакви услови му е достапно секое работно место, дали заработувачката е соодветна на трудот, дали секој вработен има право на дневен, неделен и годишен одмор, дали се почитуваат колективните договори?“
Од владејaчката ВМРО-ДПМНЕ посочија дека посветено ќе работат на создавање нови економски политики, што ќе овозможат отворање нови работни места, подобрување на стандардот и креирање општество во кое секој граѓанин ќе има можност за напредок и просперитет.
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, посочи дека отсекогаш стоеле на страната на работниците.„Додека бевме на власт, се боревме за покачување на платите, за подобри услови за работа, за сигурност и почит за секој работник. Сега, и во опозиција, продолжуваме со таа борба“,вели тој.