Вести Македонија Топ вести

Таравари: На локалните избори одиме со посебни листи, нема враќање назад

Редовна комуникација и добри односи. Вака министерот за здравство Арбен Таравари ја опиша состојбата во Владата по неговата одлука да настапи самостојно на локалните избори и да се раздели со коалицијата „Вреди“.

Таравари очекува неделава да има состанок со премиерот Мицкоски кој во моментов е во Шпанија, и не ја коментираше изјавата на потпретседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски дека соработка со ДУИ на локалните избори е политичко самоубиство.

Таравари е дециден дека на локалните избори ќе оди со посебни советнички листи и дека е   подготвен да разговара со сите, без да прецизира дали тоа ја вклучува и опозицијата.

„Штом ќе се врати (премиерот Мицкоски н.з.) ќе се видам со него. Инаку имаме редовна комуникација. Тоа што го кажа господинот Николовски, јас сите ги слушам, но ние сме автономна партија и одлучуваме сами. Засега имаме сигурна одлука дека одиме со посебни советнички листи. Тоа е одлука на партијата и од тоа нема враќање назад. За сето друго сме отворени и подготвени да разговараме со сите во однос на локалните избори“, изјави Таравари.

Претходно од коалицијата „Вреди“, која во наредните недели ќе се регистрира како партија, соопштија дека за Таравари не би требало да има место во Владата, откако одлучи да настапува сам.

Потпретседателот Николовски нагласи дека прашањето со предвремени парламентарни избори е затворено и дека тие нема да се случат во пакет со локалните.

За разлика од него, потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи, во интервју на „Топ Тема“ изјави дека предвремени парламентарни заедно со локалните избори, се единствениот начин за консензус околу европските интеграции и внатрешните состојби.

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, најави дека ќе ги распише локалните избори на крајот на јули или на почетокот на месец август.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Против“ 72-ца пратеници, 20 „за“, без воздржани – собранието ја отфрли интерпелацијата за министерот Тошковски

Дејан Дејан

Жестоки меѓусебни обвинувања на интерпелацијата за Тошковски

Дејан Дејан

„Трагедијата можеше да се спречи, сега бараме одговорност“ – родителите на жртвите од Кочани денеска маршираа во Скопје

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе