Вести Македонија Топ вести

Државата наплаќа денар, на приватниот партнер му исплаќа два

Државата или општините наплатиле надоместоци во износ од приближно 1,5 милиони евра, додека на приватниот партнер му платиле надоместоци во износ од приближно 3 милиони евра, се наведува во извештајот на Државниот завод за ревизија за јавно-приватните партнерства од 2017 до 2024 година.

Во овој период имало 68 договори за јавно-приватни партнерства, но може и да биде поголем поради несоодветна евиденција, а со ревизијата биле опфатени 25 постапки.

Во овие договори, приватните фирми вложиле 37 милиони евра, но не може да се утврди влогот на државните органи зашто не е паричен, туку се работи за обезбедени согласности и дозволи за градба, решенија, отстапување на земјиште, градежни објекти и опрема.

Најмногу вакви партнерства склучиле општините и општинските претпријатија, па владините претпријатија.

Ревизијата констатира недостатоци – и во законите, но и во процесите за склучување договори и во спроведувањето на договорите.

Не се врши редовно мерење и следење на ефектите од склучените договори за ЈПП, поради што не може да се утврди нивното влијание врз квалитетот на јавните услуги и инфраструктурниот развој на државата, соопшти Државниот завод за ревизија.

Ревизорите констатирале дека нема стратегија, не се правеле детални подготовки, а во 80 отсто од случаите имало по само еден понудувач. Договорите биле со слабости, што отвора можност приватниот партнер да не го испочитува, а не биле предвидени казнени пенали.

Во еден случај, партнерството било склучено на период од 96 години, иако според законот може да се склучи на максимум 35 години.

Во тек се судски постапки во кои приватниците ги тужат државните органи за долг од скоро 3,9 милиони евра.

Како примери за пропаднати јавно-приватни партнерства се наведува проектот Македонско село во Скопје, во кој државата вложи скоро 5 милиони евра без изгледи дека наскоро може да ги поврати.

Во 2021 година бил склучен договор за туристички инфо-центри во Полошкиот регион. Државата обезбедила киосци, ама поради непрецизен договор, приватниот партнер си ги користел во комерцијални цели.

Срѓан Стојанчов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Жестоки меѓусебни обвинувања на интерпелацијата за Тошковски

Дејан Дејан

„Трагедијата можеше да се спречи, сега бараме одговорност“ – родителите на жртвите од Кочани денеска маршираа во Скопје

Дејан Дејан

ВО САБОТА ПО ВТОР ПАТ ЌЕ СЕ ОДРЖИ ГОЛЕМИОТ ЕКО-НАСТАН VIVAX ЧИСТКА НА ВОДНО

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе