Вести Свет Топ вести

Територии во замена за мир е еднакво на капитулација – Писториус за предлогот на Трамп за Украина

Украина не треба да се согласи на најновиот предлог на американскиот претседател Доналд Трамп да отстапи големи територии во замена за прекин на огнот со Русија, бидејќи тоа би било „капитулација“, изјави германскиот министер за одбрана, Борис Писториус.

Писториус, за германската телевизија АРД, рече дека Киев веројатно е свесен дека за постигнување траен и одржлив прекин на огнот може да биде принуден да се откаже од некои територии.

„Но, тие, секако, нема да одат толку далеку или не треба да одат толку далеку, колку што се предвидува во најновиот предлог на американскиот претседател“, истакна Писториус, кој најверојатно ќе остане министер за одбрана и во новата германска коалициска влада.

„Она што го предлага Трамп, Украина можеше да го добие и пред една година. Ова личи на капитулација. Не гледам никаква додадена вредност во тоа“, додаде Писториус.

Трамп минатата недела во интервју за магазинот Тајм изјави дека анектираниот Крим ќе остане под руска контрола како дел од можно мировно решение со Украина.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Најнереформираната институција во изминатите 34 години – претседателката Силјановска Давкова на Тркалезна маса за Уставен суд

Дејан Дејан

Превртен автомобил – сообраќајка на крстосница во Аеродром

Дејан Дејан

Двајца браќа обвинети за убиство и за обид за убиство на подмолен начин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе