Најмалку 68 луѓе загинаа во американски воздушни напади врз центар за мигранти во Сада, на северот на Јемен, кое важи за упориште на Хутите, пренесуваат локалните медиуми. Повредени се 47 лица, а според јеменското Министерство за внатрешни работи во центарот биле сместени 115 лица.
„Точно 68 тела се извлечени од урнатини на притворски центар за африкански мигранти, а тимови на Црвениот крст и Црвената полумесечина продолжуваат со спасувачките напори на местото на американското злодело“, објави ТВ Ал Масира, блиска до бунтовниците.
Целта на американските напади е неутрализирање на заканата од Хутите на Црвеното Море, поморска зона која е од клучно значење за глобалната трговија.