Вести Свет Топ вести

Испративме војници во Русија во војната против Украина – прва потврда од Северна Кореја

Северна Кореја за првпат официјално потврди дека испратила свои војници во Русија за поддршка на Москва во војната против Украина, во рамки на нивниот договор за взаемна одбрана, јави јужнокорејската агенција Јонхап.

Според државната севернокорејска новинска агенција КЦТА, испраќањето на војниците било наредено од лидерот Ким Џонг-ун.

Ова е прва официјална потврда на присуството на севернокорејски војници во Русија, неколку месеци откако илјадници нивни војници беа распоредени во Курската област за борбени дејства.

„Операциите за ослободување на Курската област за одбивање на авантуристичкиот упад на украинските власти во Руската Федерација завршија успешно“, соопшти КЦТА, додавајќи дека припадниците на вооружените сили учествувале во операциите по наредба на Ким Џонг-ун.

Во изминатите недели украинските сили се повлекуваа во овој регион, додека руската армија полека напредуваше.

Украинските сили претходно имаа заземено неколку стотици квадратни километри на руска територија, вклучувајќи и клучна пумпна станица за транспорт на руски гас кон Европа.

Украинските лидери ја оправдаа оваа офанзива со цел да добијат подобра преговарачка позиција. Наскоро потоа, претседателот Володимир Зеленски предложи територијална размена, која Москва веднаш ја одби.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Станав, пиев кафе, го шетав кучето и разговарав со сопартиец, име не му знам, ниту се сеќавам на него – Палевски раскажува што правел во денот на грабнување на Жежовски

Дејан Дејан

Казни до 5.000 евра за продажба и купување е-цигари со арома – во Словенија стапи на сила ново законско решение

Дејан Дејан

Најнереформираната институција во изминатите 34 години – претседателката Силјановска Давкова на Тркалезна маса за Уставен суд

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе