Вести Македонија Топ вести

Села не кажува дали ќе го напушти Европски фронт доколку Таравари му се приклучи

Зијадин Села, лидер на Алијанса за Албанците која е дел од Европскиот фронт, предводена од ДУИ, не открива дали ќе се повлече од коалицијата доколку Алијанса за Албанците предводена од Арбен Таравари ѝ се приклучи. Села вели дека не може да се меша кој со кого ќе се среќава и разговара, но оти може да каже дали некој треба да биде дел од Фронтот.

„Има средби, а од друга страна мене лично и на Алијанса за Албанците не ни пречи, а дали треба да биде дел од Фронтот или не, е за тоа имаме право и ние да го кажеме нашиот став. Ќе имаме став откога ќе има предлог дека некој сака да се приклучи кон Европскиот фронт“, изјави Села.

Според него, нејасен е ставот на Таравари и неговото постапување.

„За жал ја имаат политиката сфатена само како пазар со чуствата на граѓаните и со интересите на граѓаните“, вели Села.

За обединување на Алијанса за Албанците и некаква соработка со крилото кое се отцепи, Села вели дека може да има само доколку Таравари си поднесе оставка. Притоа тој го повика членството од партијата на Таравари да се врати во партијата која тој ја предводи.

„Кој е ставот денеска на господинот Таравари и затоа немам ништо лично и персонално, овде се работи за човек кој те има предадено и не можеш да му веруваш, бидејќи не можам да гарантирам дека и во иднина нема да се случи тоа. Јас сум верувал, но сега не му верувам повеќе“, дециден е Села.

Села кој денеска со својата партија ја одбележа осмата годишнина од 27 април 2017, за кој рече дека бил ден на катализатори на многу промени во општеството, пред се на почеток на размислување преку логика на компромис, а не со блокирање. Како придобивка од тој ден, рече Села, е почетокот на процесот кој ја доведе Македонија до Преспанскиот договор и членството во НАТО. Но, и што од тој ден Албанец седна на чело на законодавниот дом, но оти сè уште има и предизвици кои треба да бидат решени како употребата на албанскиот јазик како службен јазик и негово рамноправност во Уставот со македонскиот и носење на одлуки и во Уставниот суд по принципот на Бадентер.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рубио: Оваа недела ќе одлучиме дали ќе останеме во мировниот процес за Украина

Дејан Дејан

„Горан е тука“ – одбележани 73 години од раѓањето на Горан Стефановски

Дејан Дејан

СДСМ: Притисок со инспекции

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе