Вести Македонија Топ вести

Меџити: Ја одбив понудата на ДУИ да излезам од „Вреди“, Таравари ја прифати

Изет Меџити бил првиот од коалицијата „Вреди“ на кого ДУИ му понудила да ја напушти коалицијата и да им се придружи. Ова во „Топ Тема“ на Телма вчера го соопшти лидерот на Демократско движење, велејќи дека тоа што тој го одбил, Арбен Таравари го прифатил. Според Меџити, постоела стратегија, дури и од надвор, за враќање на ДУИ во живот со расцепкување на „Вреди“.

Изјава: Изет Меџити, претседател на Демократско движење

„Понудата да се вратам во ДУИ, да се расцепка „Вреди“, не била прво кај Таравари, била кај мене со тоа. Но, кога увидоа дека не поминува тоа“, изјави Меџити.

Запрашан дали добил понуда од ДУИ за враќање во партијата, Меџити одговори:

„Разговаравме, не директно со ДУИ, значи со посредници и јас ги читав дека тие имаат мисија“.

За тоа каква понуда добил за да се врати назад во ДУИ, тој одговара:

„Ахмети ќе оди, ќе се пензионира, ќе има ново раководство, не знам што…“.

Според него, мисијата била да се подели коалицијата и смета дека Таравари треба отворено да каже дека оди со ДУИ, но Меџити не е сигурен дека во тоа ќе го следи членството на неговата партија Алијанса за Албанците.

„Ако мисли дека е добра соработка, треба тоа да го објави, но мислам дека грото, да не кажам 80 посто од тоа членство, дел од тие ќе се пасивизираат, дел ќе останат во „Вреди“, но убеден сум дека во никој случај нема да гласаат за Демократската унија за интеграција“, изјави Меџити во „Топ Тема“.

Меџити притоа тврди дека Таравари сака да го изигра членството на партијата, дипломатите и граѓаните дека тој ќе оди сам на изборите, што според него не е опција за ниту една од партиите од коалицијата „Вреди“.

„Таравари и тие што се околу него знаат дека ако останат сами, ќе останат и без Гостивар. Но идеата е тоа да се прикаже пред јавноста дека ќе оди сам, а со договор под маса со Ахмети“, вели Меџити.

Меџити во интервјуто за „Топ Тема“ не сакаше да каже дали „Вреди“ го условила премиерот Христијан Мицкоски дека тие нема да прифатат Таравари да остане во владата доколку замине од коалицијата, но рече дека во „Вреди“ нема да толерираат „отворен брак“, односно Тарави да биде дел од коалицијата, а да соработува со ДУИ. Една од дилемите за колаицијата е што, во таков случај, по локалните избори нема да се знае дали општините што би ги освоила партијата на Таравари би биле на „Вреди“ или на ДУИ.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Папа Франциск – човекот на промените во Католичката црква

Дејан Дејан

Вчера верба, денеска сомнеж – Трамп скептичен дека Путин сака крај на војната

Дејан Дејан

Електронски до неосудуваност

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе