Вести Македонија Топ вести

Баран од Норвешка, приведен во Македонија – уапсен албански државјанин на ГП „Блато“

На граничниот премин „Блато”, на македонско – албанската граница кај Дебар, приведен е албански државјанин баран со меѓународна потерница.

„Вчера во 7:55 часот на Граничен премин „Блато”, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода Р.Н. (20) од Република Албанија. При гранична контрола било констатирано дека се бара од Интерпол Норвешка“, информираше денеска Стефан Димоски портпарол на Секторот за внатрешни работи – Охрид.

Според него, лицето било предадено во Полициската станица Дебар за понатамошна постапка.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вчера верба, денеска сомнеж – Трамп скептичен дека Путин сака крај на војната

Дејан Дејан

Електронски до неосудуваност

Дејан Дејан

Живот во Припјат ќе биде можен по 3.000 години – 39 години од нуклеарната катастрофа во Чернобил

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе