Вести Македонија Топ вести

Нападнати две лица во Кисела Вода со бекатон плочки

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 19-годишник осомничен за кривично дело „Насилство“. Тој на 21 април, во 2 часот по полноќ, пред тобако-маркет во Кисела Вода, заедно со уште неколку непознати лица извршил грубо насилство врз две лица, а кај 10-годишно дете сведок на настанот предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв.

Додека оштетените седеле пред маркетот, осомничениот со неколку непознати лица ги нападнале и започнале да ги удираат со бекатон плочки, нанесувајќи му тешки телесни повреди на едното лице и телесни повреди на другото.

Со цел непречено водење на постапката, јавниот обвинител предложи да бидат определени мерки на претпазливост за осомничениот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Антикорупциска, со потпис на Димитровска, отфрлила две пријави поврзани со случајот „Адитив“

Дејан Дејан

Татјана Димитровска не дошла на работа во ДКСК

Дејан Дејан

Престрелка на две групи – двобој покрај ПС Бит пазар, повредено едно лице, за среќа куршумите не погодиле деца и жители на маалото

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе