Прославата на Денот на победата во Москва е дел од руската пропаганда и обид за оправдување на инвазијата врз Украина и затоа членките на Европската Унија и земји кандидати треба да се воздржат од посета на тој настан, соопшти Европската Комисија (ЕК).
„Прославата на 9 мај ја гледаме како дел од руската пропаганда и обид за оправдување на инвазијата врз Украина и затоа сметаме дека е потребна воздржаност од давање на легитимитет на било кој начин во оваа војна, како и воздржаност од посета на таа прослава“, изјави портпаролката Паула Пино на прес-конференција во Брисел.
Таа додаде дека таквиот став не се однесува само за земјите кандидати, туку повеќе на членките на Европската Унија кои таквата позиција ја изградиле уште во 2022 година.