Вести Македонија

Финска, Шведска и Австрија со порака – реформите се клучни за членството во ЕУ

Правете ги реформи за да ја промените ваша земја и да ја донесете поблиску до Европската Унија (ЕУ). Ова е пораката која ја испратија тројца амбасадори во Македонија, на Финска, на Шведска и на Австрија, како и заменик амбасадорот на ЕУ од одбележувањето на 30 години членството на трите држави во Унијата.

За тоа како да се изменаџира од една страна спроведувањето на реформите кои треба да ја донесат Македонија поблиску до членство во ЕУ, а од друга страна застојот во процесот на преговори поради спорот со Бугарија, амбасадорот на Финска смета дека отворен дијалог меѓу земјите е многу важен.

„Кога зборувате за членство во ЕУ и преговорите за зачленување во ЕУ, тоа се преговори која секоја одделна земја ги има со ЕУ институциите, а не со своите соседи“, изјави Никлас Линдквист, нерезидентен амбасадор на Финска во Македонија.

Шведската амбасадорка, пак, рече дека реформите и проблемот со Бугарија се на различни патеки, односно дека реформите ќе и го скратат процесот на преговори за земјава, додека за проблемот со Бугарија упати на македонските власти.

„Потоа имате одделна политичка патека и прашањето е до владата тука. Таа одлука е во рацете на Северна Македонија“, изјави Ами Ларсон Џеин, амбасадорка на Шведска.

Освен со порака дека фокус треба да се стави на реформите, австрискиот амбасадор во земјава и со став дека проблемот со Бугарија е надминлив.

„Силно верувам дека предизвиците кои претстојат, како оној кој го споменавте, имплементирање на т.н. европски компромис од 2022 година, се остварливи со добра волја од сите инволвирани“, изјави Мартин Памер, амбасадор на Австрија.

Амбасадорите на Финска, на Шведска и на Австрија, споделувајќи ги придобивките на нивните земјите од членството во ЕУ, за Планот на раст за Западниот Балкан, сметаат дека е механизам кој ќе ги финансира реформите во земјава, со јасно очекувања за резултати, но што истовремено ќе го намали јазот меѓу земјата и Унијата.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Претседателката на ДКСК Татјана Димитровска е осомничена за оддавање на службена тајна

Дејан Дејан

Ивановска: Собранието ги избира членовите на ДКСК и тоа треба да го зајакне надзорот

Дејан Дејан

Осомничени уште три лица во предметот „Адитив“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе