Вести Македонија

Еврејската заедница во Македонија и Фондот на холокаустот денеска го одбележаа националниот комеморативен ден Јом Хашоа

Еврејската заедница во Македонија и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија денеска го одбележаа Јом Хашоа – Национален комеморативен ден на холокаустот и херојството во државата Израел, кој што се одбележува во сеќавање на востанието на Евреите во Варшавското гето во 1943 година и комеморативен ден на шесте милиони Евреи убиени во холокаустот.

Претседателот на Еврејската заедница, Пепо Леви ги запали шесте меморијални свеќи со ветување кон жртвите и преживеаните дека тие никогаш нема да бидат заборавени и дека нивното наследство ќе се одржува во вечна меморија.

„Нацизмот и нацистичките идеи се препознатливи и треба да се уништат веднаш по нивното препознавање, не смее да се дозволи да се скриваат зад демократијата и евентуалните нарушувања на човековите  права и слободи. Почитувани токму денес на Јом Хашоа, кога се навршуваат 82 години од херојската епопоеја на востанието на Евреите од Варшавското гето, повторно, по не знам кој пат да го цитирам професорот Ели Визел, добитник  на Нобеловата награда за мир, преживеан Евреин од логорот на смртта Аушвиц. Холокаустот е единствен настан, но со универзално значење за целокупното човештво, кој мора секогаш и одново да се памети. Сеќавањето на Холокаустот е единствена шанса за спас на светот од други катастрофи“, порача Пепо Леви, претседател на Еврејската заедница во Македонија.

„Кога и да помислам на Аушвиц, нешто што веднаш ми паѓа на ум се зборовите што ги кажал еден од преживеаните, кој рекол дека има само едно нешто што е пострашно од самиот Аушвиц, доколку светот заборави дека постоело такво место“, изјави Мариуш Бримора, амбасадор на Полска во Македонија. 

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Претседателката на ДКСК Татјана Димитровска е осомничена за оддавање на службена тајна

Дејан Дејан

Ивановска: Собранието ги избира членовите на ДКСК и тоа треба да го зајакне надзорот

Дејан Дејан

Осомничени уште три лица во предметот „Адитив“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе