Првомајски протест а не марш најавува ССМ. Праксата за марш се напушта поради, ниските плати, нечовечните услови за работа, доцнењето со исплата на платите и во приватниот и во јавниот сектор како и поради непочитување на колективните договори.
Од ССМ ги повикаа сите синдикати, граѓани и работници кои не се задоволни од висината на платата и условите за работа да им се придружат на 1 Мај за да се изборат за барањата за зголемување.
„Денеска за жал огромен број на работници во приватниот сектор немаат добиено плата за март. Огромен број на институции од јавниот сектор немаат добиено плата за месец март. Ако ниските плати и неисплаќањето на плата не ви се доволен мотив да ни се придружите на 1 мај тогаш треба да знаете дека колку ќе дојдете и колку ќе дојдеме толку ќе добиете и толку ќе добиеме затоа што не бројат и Владата и работодавачите“ вели Слободан Трендафилов, претседател на ССМ.
Трендафилов обвини за непочитување на колективните договори и наброја десетина државни институции каде на административците им се доцни со исплата на мартовската плата.
„Моите податоци се дека и вработените во министерство за економија и труд сеуште ја немаат добие својата плата. Вработените во пазарниот инспекторат кои треба да го спроведува мерките на Владата и да ги контролира нефер трговските пракси и нефер трговците сеуште немаат добиено плата. Вработените во дел од јавното обвинителство немаат добиено плата. Дури и државниот инспекторат за труд сеуште нема исплатено плата на вработените кои треба најмногу да помагаат на работниците и да ги спречат сите неправилности за неисплаќањето на платите во приватниот и јавниот сектор“ рече вели Слободан Трендафилов, претседател на ССМ.
Трендафилов соопшти дека Владата го кочи процесот со утврдување на репрезентативноста на ССМ и со тоа и работата на ЕСС како и дека врши притисок врз работодавачите кои начелно се согласени да ги зголемат платите за шест илјади денари доколку бидат ослободени од плаќање придонеси.
Од ССМ нагласија дека доколку Владата ќе направи голема грешка доколку остане при методологијата за пресметка на кошничката со тричлено семејство бидејќи статистички бројки јасно покажуваат дека најбројни се четиричлените семејства.
Oгнен Чанчаревиќ