Вести Македонија

Пепелта од РЕК со години дига прашина, но еколошката правда е недостижна за граѓаните 

Нема компромис за здравјето на граѓаните, вели министерот за животна средина Изет Меџити за  истрагата на Обвинителството околу пропустите при депонирање на пепелта во РЕК Битола. Откако Обвинителството ќе ги направат сите проверки дали се запазени  прописите за заштита на животната средина при одлагање на пепелта во РЕК Битола, дали било предизвикано загадување и  дали било загрозено здравјето на граѓаните,  ќе донесе одлука како понатаму ќе постапува за овој предмет. Меџити вели,    никој нема да биде над законот.

„Битна  е животната средина, битно е здравјето на граѓаните и нема компромис околу ова. Во однос на ова ќе има сериозен пристап и од инспекторатот и од Министерството. Пораката е никој не е над законот“, рече Изет Меџити, министер за животна средина.  

Од РЕК вчера соопштија дека по налог на инспекторатот веќе ја остраниле непокриената пепел,  а од 25 април ќе почне да се одлага според прописите.

Оваа појава кога ветрот ја разнесува токсичната пепел низ Пелагонија, се повторува години наназад, затоа што наместо да се одлага во касети и да се покрива со земја, огромни колични се остават на отворено.

Пред 7 години ОЈО  Битола поднесе обвинение против поранешен генерален  директор во РЕК Битола за загадување на животната средина,  затоа што во март 2017 на депонија имало  огромни колиини непокриена пепел, а директорот ги игнорирал барањата на вработените да се обезбеди потребната механизација за  прописно одлагање. Но, со правосилна пресуда лани во април,  тој е ослободен од вина, што уште  еднаш го отвори прашањето, дали еколошката правда е достапна за граѓаните во Македонија.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тренчевска: Kапиталните инвестиции во 2024 изнесуваа 16 посто, а денес 10 посто

Дејан Дејан

Три ипол години казна затвор за Стевчо Јакимовски пресуди Кривичен, за изградбата на административната зграда на општината

Дејан Дејан

Данскиот крал Фредерик следната недела ќе го посети Гренланд

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе