Вести Македонија Топ вести

Не може и со ДУИ и во влада?!

Ако се одлучи за соработка со ДУИ на локалните избори, Таравари  да си замине од владата, побараа повторно од „Вреди“, по синоќешната владина седница, на која се разговарало и за актуелната политичка ситуација. Министерот не бил на седницата, но бил присутен вицепремиерот за добро владеење, Арбен Фетаи, од редовите на Алијанса за Албанците.

Од коалицијата што наскоро треба да стане една партија велат дека,сè уште не знаат дали и тие ќе присуствуваат на средбата најавена по 1 Мај меѓу премиерот и Таравари. Техничките детали не им се важни, но бараат работите да се разјаснат што поскоро.

„Вреди“ неделава ја почнаа постапката за трансформација на коалицијата во партија. Меџити признава  дека и тој е во игра за претседател, но вели дека индивидуалните амбиции не им се приоритет и нема дефинитивна одлука.  Партиите треба да делегираат лица кои ќе членуваат во 23 -членото претседателство што ќе треба да изработи статут и да ги направи сите подготовки за конгрес.

Паралелно, работат и на Закон за правична застапеност, за кој вицепремиерот вели дека е речиси во финална верзија. По промоцијата, ќе биде испратен за мислење и до Венецијанската комисија.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тренчевска: Kапиталните инвестиции во 2024 изнесуваа 16 посто, а денес 10 посто

Дејан Дејан

Три ипол години казна затвор за Стевчо Јакимовски пресуди Кривичен, за изградбата на административната зграда на општината

Дејан Дејан

Данскиот крал Фредерик следната недела ќе го посети Гренланд

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе