Синдикатот на културата денеска ќе одржи протестен совет пред Министерството за култура поради неисплатените плати и како што соопшти, обидите за непочитување на колективните договори.
-Повод за овој протестен Совет во проширен состав пред Министерството за култура и туризам е ударот врз достоинството на културните работници, ненавремените и јасни насоки за пресметка на плата од Министерството за култура, постојаните обиди за непочитување на колективните договори, што резултираше со доцнење на платите и оставање на вработените во културата за велигденските празници без пари, велат од Синдикатот.
Синдикатот минатата недела реагираше бидејќи вработените во култура беа оставени без плата за време на Велигденските празници.
Министерот за култура Зоран Љутков за време на празничниот викенд им се извини на вработените во ресорот и порача дека проблемот настанал поради усогласување на платите. Тој рече дека доцнењето е поради усогласувањето на платите меѓу сите засегнати без подетално образложение за што станува збор.