Вести Македонија

Привршува тендерот на Oнкологија

Еден месец онколошките пациенти ја бараат дел од терапија која недостасува.Надлежните смируваат -оваа недела ќе се потпишат договори и потребните лекови наскоро ќе пристигнат на Клиниката за Онкологија.

„Моментално тече рокот за жалби и предметот на јавна набавка во моментот е во Државната комисија за жалби по јавни набавки. Тимот за јавни набавки на УК за радиотерапија и онкологија напорно работи да ги заврши сите процедури во најбрз можен рок за да може да се потпишат договорите со дистрибутерите и лековите да се достават на УК за Радиотерапија и онкологија до крајот на неделава“, велат од ЈЗУ УК Радиотерапија и онкологија.

Станува збор за јавна набавка на лекови кои не се на позитивната листа во државата и бара поголема бирократска процедура. Менаџментот уверува дека Клиниката ќе има поголем буџет, но и 7 нови лекови за различен вид на канцер.

Денеска наидовме и на пациенти кои примаат терапија која ја има на Клиниката за Онкологија. Велат задоволни се и има ефект.

„Имаме редовно терапија. Ние сме од Кичево. Како што ни кажува лекарот доаѓаме цело време на контрола. Ние сме задоволни, не примаат, не услужуваат, каде што треба не праќаат на контроли и на снимања“, вели еден граѓанин.

„Редовно ги земаме терапиите,навремено ги даваат“, вели друг граѓанин.

Пациентите со канцер често се соочуваат со недостиг на терапија. Криза со лекови имаше и на почетокот на годината. Здруженијата и надлежните институции решението го гледаат во формирање на национален регистар на онколошки пациенти кој треба да даде точен увид во бројот на заболени но и подобро планирање на набавките за тие никогаш да не останат без терапија.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ограбен домот на Битиќи: сеф со злато, 50 илјади евра и рачни часовници украдени од домот на поранешниот пратеник

Дејан Дејан

ЗНАМ најавува соработка со ВМРО-ДПМНЕ на претсојните локални избори

Дејан Дејан

Дробњак: 2030 е годината на новото проширување на ЕУ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе