Вести Македонија

Дали ќе има одговорност за облакот токсична прашина од РЕК?!

Кој дозволил пепелта од РЕК Битола неконтролирано да се разнесува низ Пелагониската котлина, зошто има отстапувања од главниот рударски проект како што констатираше Државниот инспекторат за заштита на животна средина (ДИЗЖС) при надзорот на 26 март годинава, кога на одлагалиштето затекна поголема количина на несоодветно депонирана пепел и чија е одговорноста за тоа. На овие прашања треба да одговори истрагата на Обвинителството во Битола, кое оформи предмет и врши проверки дали се запазени сите прописи за заштита на животната средина при одлагање на пепелта во РЕК Битола, дали било предизвикано загадување и дали било загрозено здравејто на граѓаните.  

„По комплетирање на сите задолженија, за добиените резултати и преземени мерки ДИЗЖС ќе го извести ОЈО Битола со цел проценка на потребата и основаноста од понатамошно јавнообвинителско постапување“, соопштија од ОЈО.

Обвинителството го оформи предметот по бурните реакции во јавноста изминатиот месец кога километарски облак прашина се разнесуваше низ Пелагонија, појава видлива и од Битола, а граѓаните загрижени прашуваа зошто некој си поигрува со нивното здравје.

„Цела јаловина што треба да се затрупува со земја, сега е разлетана  на сите старни, ние сите ја дишеме“, вели битолчанец.

„Цела прашина што се разнесува од РЕК ние ја дишеме, болниците ни се полни, секој втор, од млад до стар има некава дијагноза“, вели битолчанка.

Од РЕК Битола минатиот месец категорично тврдеа дека се почитуваат сите протоколи при одлагањето на пепелта, но сега велат инспекторатот затекнал поголеми количини на пепел на одлагалиштето кои отстапуваат од пропишаните во Главниот рударски проект и им наложил во рок од 30 дена соодветно да бидат одложени во касета и посипани со земја, согласно протоколот. Поголем дел од оваа пепел веќе е отстранета, а интензивно се работи и на отстранување на останатите количини, велат од РЕК Битола.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ограбен домот на Битиќи: сеф со злато, 50 илјади евра и рачни часовници украдени од домот на поранешниот пратеник

Дејан Дејан

ЗНАМ најавува соработка со ВМРО-ДПМНЕ на претсојните локални избори

Дејан Дејан

Дробњак: 2030 е годината на новото проширување на ЕУ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе