Неколку илјади Македонци и странски државјани денеска се враќаат од продолжениот празничен викенд во Грција, но на граничниот премин Богородица не очекуваат големи гужви и долготрајно чекање – велат во план се да се работи со целиот капацитет.
На Дојран пак, притисокот ќе се амортизира со новите контролни кабини кои пред неколку дена почнаа да функционираат за влез и излез од земјата. Патниците велат – било потребно.
Дојран е важна точка за голем број српски и дури странски туристи, бидејќи преку летото тука застануваат и одмораат пред да го продолжат патот. Токму затоа и колоните честопати се долги.
Граничните служби велат дека денеска пристисокот за влез во земјата нема да е голем бидејќи странските туристи обично се враќаат порано од македонските.
Сузана Мицева