Вести Македонија

Димовски: Потребна ни е сплотеност за подобра иднина на државата

Суштината на овој празник се љубовта и надежта, а тоа е она што ни е потребно, нагласи денеска заменик претседателот на Владата, задолжен за политички систем и претседател на Социјалистичката партија на Македонија, Љупчо Димовски, пред соборниот храм „Свети Климент Охридски“.

„Сакам на сите да им посакам добро здравје, мир, спокој во срцата и многу добар и голем просперитет и на државата и на граѓаните. Сакам да потсетам дека суштината на овој празник се љубовта и надежта, а тоа е она што нам во овие времиња ни е потребно, особено единството како сега што во храмот на светата литургија имавме можност да го видиме, така ни треба внатре, меѓу самите граѓани и самиот народ, меѓу сите политички фактори – единство, затоа што Македонија и граѓаните во Македонија се исправени пред големи предизвици на кои мора да им се даде соодветен одговор, а тој одговор почнува од внатрешното единство“, порача Димовски.

Тој ја потенцира потребата од сплотеност на политичките сили за подобра иднина на нацијата и државата.

„Во таа насока, сакам да ја истакнам оваа порака, дека дефинитивно потребно е сите да седнеме, трезвено да размислуваме во интерес на државата и на нејзината иднина, за да можеме да ги пребродиме сите предизвици со кои се соочува денес нашата држава“, подвлече Димовски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тешко повреден 14-годишен мотоциклист во Велес

Дејан Дејан

Воз удри во автомобил кај Зелениково – МВР соопшти дека нема повредени

Дејан Дејан

Потрошувачката кошничка не смее да се крати од четиричлено на тричлено семејство – интервју со Менди Ќура

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе