Вести Свет

Венс со спротивен став на Рубио – „оптимист“ е дека ќе биде достигнат договор за мир

Повеќе измешани пораки доаѓаат од САД, а Џеј-Ди Венс сега вели дека е „оптимист“ дека може да се постигне мир во Украина, само неколку часа откако Марко Рубио рече дека Вашингтон е подготвен да ги напушти разговорите поради недостиг на напредок, јави Скај Њуз.

Американскиот потпретседател ова го изјави на средба со италијанската премиерка Џорџа Мелони во Рим.

– Со оглед на тоа што има преговори, нема да ги прејудицирам, но се чувствуваме оптимисти дека можеме да се надеваме дека оваа војна, оваа многу брутална војна, ќе заврши, им рече тој на новинарите што седеа покрај Мелони.

Трамп вчера рече дека чувствува дека прекинот на огнот е „блиску“ и дека Москва треба да му одговори во врска со неодамнешниот предлог, но Рубио утринава се закани дека „ќе продолжи понатаму“ доколку не се постигне итен напредок.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во Рим денес продолжуваат преговорите за иранската нуклеарна програма

Дејан Дејан

Загинати 80 лица во американските напади врз Јемен

Дејан Дејан

Нови дигитални услуги на МВР достапни на интернет

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе