Вести Свет Топ вести

Украина и САД потпишаа меморандум кон договорот за минерали

Украина и САД потпишаа меморандум како прв чекор кон постигнување договор за експолатација на украинските минерални суровини, објави Јулија Свириденко, прв заменик-премиер и министер за економија на Украина.

– Среќни сме што можеме да го објавиме потпишувањето, со нашите американски партнери, на меморандум за намери, кој го отвора патот за договор за економско партнерство и формирање на инвестициски фонд за обнова на Украина, напиша Свириденко на платформата Х.

Без да објави дополнителни детали, таа посочува дека идниот договор кој се очекува да придонесе за економски раст на двете земји, ќе мора да биде ратификуван во украинскиот парламент.

Потпишувањето на меморандумот доаѓа по инсистирањето на американскиот претседател Доналд Трамп за билатерален договор за минерали како дел од неговите напори да стави крај на војната во Украина.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски: Претседател на суд има плата од 180.000 денари, што мислам дека е малку многу, а просечната плата во државата е 45.000 денари

Дејан Дејан

Мицкоски: Апсолутно не гледам потреба за зголемување на буџетот за правосудниот систем

Дејан Дејан

Граѓаните ќе плаќаат данок од 18 отсто на сите пратки од „Тему“ и „АлиЕкспрес“кои се над 22 евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе