Вести Свет Топ вести

Виткоф и Рубио денеска во Париз на средба со европските лидери

Специјалниот пратеник на Доналд Трамп за Украина, Стив Виткоф и највисокиот дипломат Марко Рубио денеска во Париз ќе разговараат со европските колеги за напорите за ставање крај на војната во Украина.

Разговорите – на кои ќе присуствува и министерот за надворешни работи на ОК Дејвид Лами – предвидуваат највисоко ниво на трансатлантски ангажман од февруари годинава.

Во последните месеци, американската влада не брзаше да се консултира со своите европски сојузници.

Денешните состаноци се значајни, а предвидено е Виткоф и Рубио да остварат средби со францускиот претседател Емануел Макрон и неговиот тим.

Американскиот државен секретар потоа ќе разговара со Лами заедно со француските и германските колеги.

Ќе бидат вклучени и европски советници за национална безбедност. Американскиот Стејт департмент соопшти дека фокусот ќе биде на тоа како да се прекинат борбите во Украина и Виткоф ќе известува за неговата средба со рускиот претседател Владимир Путин минатата недела.

Европските дипломати рекоа дека ќе ги повикаат САД да извршат поголем притисок врз Русија за да се издејствува безусловен прекин на огнот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тројца загинати и 8 повредени во тешка сообраќајна несреќа кај Кичево

Дејан Дејан

Трамп: Мировниот договор меѓу Украина и Русија мора да се постигне „брзо“

Дејан Дејан

Хутите тврдат: Истрелавме проектили врз Израел и два американски носачи на авиони

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе