Вести Свет Топ вести

Трамп најави договор со Европа и Кина за царините

Откако Трамп ги стави на 90 дневна пауза царините за сите освен за Кина земјите имаат можност да преговараат со Белата Куќа за можно намалување.  Американскиот претседател Доналд Трамп денес го посети италијанската премиерка Мелони која го покани во Италија со цел да ги разгледаат дополнителните можности со цел да се склучи договор.

„Сигурна сум дека можеме да направиме договор и јас сум тука да помогнам со тоа. Јас не можам да го погледнам договорот во име на ЕУ. Мојата цел е да го повикам претседателот Трамп да оствари официјална посета на Италија и да ги разбере можностите кога е во прашање организирање на таков состанок со Европа“ рече Џорџа Мелони, италијанска премиерка.

За Трамп најмал проблем е да се договори со Европа, и верува дека во скоро време ќе има огромни трговските размени.

Ќе има трговски договор 100 проценти, можеби мислите дека нема да има, но се разбира дека ќе има многу трговска размена.  Тие сакаат да направат еден многу(договор), па така ние ќе направиме трговски договор, јас целосно го очекувам тоа. Но, тоа ќе биде фер договор“ истакна Трамп.

Царините за Кина во моментот изнесуваат 245 отсто. Пекинг соопштија дека нема веќе да обрнуваат внимание на како што велат “играта со бројки“ од страна на Трамп и дека се отворени за разговори. Додека пак американскиот претседател најави добар договор со Пекинг на денешната средба со италијанската премиерка.

„Мислам дека ќе направиме многу добар договор со Кина. Мислам дека ќе видите дека ќе направиме добар договор со Кина“, изјави Доналд Трамп, претседател на САД.

Џорџа Мелони е првиот европски лидер што го посети Вашингтон откако Трамп воведе царини од 20 отсто за ЕУ ​​претходниот месец.

Во меѓувреме преку океан во Париз францускиот претседател Емануел Макрон, американскиот државен секретар Марко Рубио, специјалниот пратеник за Блиски Исток на СAД Виткофф и украинскиот министер за надворешни работи Умеров одржаа состанок за иднината на Украина.

Теа Димковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тројца загинати и 8 повредени во тешка сообраќајна несреќа кај Кичево

Дејан Дејан

Трамп: Мировниот договор меѓу Украина и Русија мора да се постигне „брзо“

Дејан Дејан

Хутите тврдат: Истрелавме проектили врз Израел и два американски носачи на авиони

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе