Вести Македонија Топ вести

Од утре ценовниците на интернет, аптеките со приговори

Маркетите, аптеките, салоните за мебел и техника, продавниците за градежни материјали, од утре имаат обврска јавно да ги објавуваат цените на стоките. Според измените во Законот за потрошувачи, трговцие на мало треба да ги постават ценовниците на јасен и достапен дел на своите веб страници, а цените да се ажурираат секој ден до 10 часот наутро. Доколку има промотивни цени, тогаш да биде објавена редовната и процентот или износот на намалување, како и времетраењето на промоцијата.

„Маркетите имаат право на грешка во рок од 24 часа, откако ќе се забележи некоја неисправност, некоја необјавена цена и имаат право да ја корегираат, а граѓанинот којшто ќе затекне ваква состојба има право да не го купи производот и има право да пријави во Пазарниот инспекторат“, вели Татјана Тасевска од Организација на потрошувачи.

Аптеките, пак, бараат да бидат изземени од обврската јавно да ги објавуваат цените на веб страница. Ставот на Здружението на приватни аптеки е дека тие не треба да се третираат како обични трговци, што се наметна со промената на нивната дејност од аптеки во трговија на мало со фармацевтски производи.

„Аптеките се здравствени установи во кои што работата лиценцирани здравствени работници и наша приоритетна улога е давање здравствена грижа кон пациентите.  Со носењето ан овој нов правилник се намалува можноста ние како здравствени работници се фокусираме на нашата основна здравствена дејност, со што ќе бидат засегнати нашите пациенти“, рече Билјана Божиновска од Здружението на приватни аптеки.

Фармацевтите се категорични дека не се подготвени за примена на правилникот, затоа што се соочуваат со недостиг на кадар и немаат капацитет да ја спроведата оваа мерка, поради што поднеле приговор и бараат средба со надлежните. Од Организацијата на потрошувачи, пак, велат дека троговците се подготвени и очекуваат новиот систем да стартува без потешкотии.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тројца загинати и 8 повредени во тешка сообраќајна несреќа кај Кичево

Дејан Дејан

Трамп: Мировниот договор меѓу Украина и Русија мора да се постигне „брзо“

Дејан Дејан

Хутите тврдат: Истрелавме проектили врз Израел и два американски носачи на авиони

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе