Вести Македонија Топ вести

Обвинителството се жали на двегодишната пресуда за Пајазити

Обвинителството смета дека е ниска двегодишната казна за Менсур Пајазити, кој смрно ја прегази младата Теодора Ристовска на пешачки премин во Тетово. Поднеле жалба и покрај ставот на судски совет дека тетовскиот судија Ферати не можел да изрече повисока казна од две години, затоа што Апелација така се произнела по првото судење, а тогаш жалбата на обвинителството изостанала.

Судски се повика на законскиот член кој предвидува забрана за менување на пресудата на полошо за обвинетиот во ситуација кога само тој поднел жалба. Обвинителството смета дека судски се произнел пред предметот правосилно да заврши, но, сепак, го искористиле правото на жалба што им било дозволено со пресудата, но и поради барањето на семејството на Теодора да го сторат тоа

„Со оглед на тоа што Јавното обвинителство во претходната постапка за овој настан во ниту еден момент не се согласило со двегодишна затворска казна, надлежниот јавен обвинител смета дека, сепак, има простор за корекција на санкцијата. Освен тоа, општиот јавен интерес, предизвикан од зачестеноста на вакви кривични дела како појава, укажува на потребата од јакнење на казнената политика како превентивен механизам, па јавниот обвинител одлучи да ја искористи законската можност и да побара од Апелацискиот суд во Гостивар да ја преиначи казната во повисока“, објаснуваат од ОЈО Тетово.

На јавната седница пред гостиварска Апелација, вишата обвинителка Вјолца Елмази се премислила и наместо да се одбие жалбата на Пајазити, предложила да му се изрече поблага кривична санкција. Апелационите судии за кои ова мислење не е задолжително, оцениле дека првичната три и пол годишна казна е престрога и досудиле две години затвор.

Државниот обвинител Коцевски во интервјуто на „Топ тема“ на Телма рече дека обвинителката Елмази, кога го дала предлогот, не очекувала толку ниска казна. Тој побарал од координаторите за обвинителствата во Тетово и во Гостивар да изготват извештај со детали од постапката кој сè уште не му е доставен.

Предметот за сообраќајката во која животот го загуби младата Тоедора почна од почеток, откако Врховен го укина. Минатиот понедленик Пајазити призна вина, а судијата Ферати му пресуди две години.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тројца загинати и 8 повредени во тешка сообраќајна несреќа кај Кичево

Дејан Дејан

Трамп: Мировниот договор меѓу Украина и Русија мора да се постигне „брзо“

Дејан Дејан

Хутите тврдат: Истрелавме проектили врз Израел и два американски носачи на авиони

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе