Министерството за здравство информира дека согласно информации од Воено Медицинската Академија во Белград, денеска претпладне, на повредите подлегнал Стојанче Стефанов од Кочани, момче родено 2001-ва година.
Стојанче е 62-ра жртва на пожарот во Пулс во Кочани.Почина цел месец по трагичниот пожар колку што траеше и неговата и лекарската битка за живот.
-Станува збор за пациент, кој од првиот ден, согласно извршената првична тријажа од медицинските тимови е веднаш упатен на лекување во Воено Медицинската Академија во Белград и кој беше интубиран и во критична состојба во изминатиот месец. Станува збор за пациент со 27 отсто зафатеност со изгореници и сериозни повреди од вдишување на чад, соопштија од Здравство.
Стефанов во ВМА е опериран на 4 април и поставен на ЕКМО апарат, преку кој се оксигенира (збогатува со кислород) крвта преку машина, заради вдишаниот чад.
-Но, заради сериозноста на повредите, тој поголем дел од хоспитализацијата бил нестабилен и во тешка општа состојба. Министерството за здравство изразува најдлабоко сочувство до фамилијата и до сите засегнати од трагедијата во Кочани, се вели во соопштението.
На денот на пожарот беа регистрирани 59 жртви, а од критично повредените пациенти починаа уште тројца во болница.
И екс градоначалникот на Кочани, Папазов оди во куќен притвор