Дали гладта за фотелји ги урна идеалите за политички реформи, превирањата во коалицијата Вреди, од пред околу два часа, Вреди е коалициска платформа на три партии.
Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, кој е гостин во вечерашната Топ Тема на Телма вели дека коалицијата била создадена како еден атипод на ДУИ.
„Еден од нашите партнери го сме приоритетот и смета дека не е толку важна борбата против криминалот и корупцијата и на тој начин ја тргна бариерата на тоа што не треба да се кокетира и комуницира со ДУИ, туку во ДУИ почна гледа и потенцијален соработник. За ова ние не дека не сме имале одредени индиции и информации, туку напротив за време на разговорите во текот на викендот од Таравари беше побарано да излезе пред македонската јавност и да каже дека во никој случај нема да соработува со Али Ахмети, бидејќи сметаме дека тоа е првиот услов за ние да може и понатаму да продолжиме било какви разговори“, рече Муртезани.
Тој рече дека Таравари толку многу често ги менува изјавите.
„Ако 70% од Албанците не се задоволни од владата и од Вреди, следува оставка и одење во опозиција. Тој треба да си поднесе оставка“, рече Муртезани.
Според Муртезани, Таравари е на ставот дека Гостивар е тешко да се освои со Вреди и затоа тој ќе треба да извојува победа со ДУИ.
„Тука е суштината за има алиби да ја напушти владината коалиција мора да почне да ја напаѓа владата, при тоа заборава дека со тоа се напаѓа самиот себе си“, дециден е Муртезани.
Според него, со тоа што Тараваи предлагал во вториот круг да се коалицира со ДУИ и за други општини, се разоткривал големиот план за да се седне „во скутот“ на Али Ахмети. Муртезани негира дека ова е гола борба за фотелји, а не за програми.
Гледајте Топ Тема со Боби Христов на Телма.