Вести Култура Топ вести

Влатко Стефановски: Секогаш е присутен идеалот да се оствари тоа што се сонува

„Секогаш е присутен идеалот да го остварам тоа што го сонувам“ – вака нашиот виртуоз на гитара , пејач, композитор и текстописец, Влатко Стефановски, го објаснува неговиот постојан порив да истражува нови инструменти и звуци, и по 5 децении успешна кариера.

Во ексклузивното интервју за Телма, дадено по повод концертите во мај со кои тој ќе одбележи 50 години на сцена, Стефановски зборува за тие подготовки, за новиот албум „ Лондонски сесии“, за најдрагата гитара, иницијацијата да се занимава со музика што потекнала од слушањето на плочите на Битлси, набавени од неговиот брат, Горан, но и за односот на општеството кон уметниците денес.

„Секогаш тој идеал на она што го сонуваш, да го материјализираш, секогаш е присутен. Значи аха, таа линија, тој некаков звук што го имам замислено, сѐ уште работам на случајот да го остварам и да го произведам тој звук. Се разбира, не се работи само за звукот, туку се работи и за тоа што ќе отсвириш со тој звук. Не само како звучи гитарата, туку кој материјал, која мелодија, која хармонија, кој акорд, кој риф треба да се произведе од таа гитара. Не е само прашање , имам добра гитара и добро појачало, туку што да отсвириш“ вели Влатко Стефановски- гитарист и пејач.

Целосното интервју ќе се емитува на програмата утре, пред вестите во 15 и 30 часот.  

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тројца загинати и 8 повредени во тешка сообраќајна несреќа кај Кичево

Дејан Дејан

Трамп: Мировниот договор меѓу Украина и Русија мора да се постигне „брзо“

Дејан Дејан

Хутите тврдат: Истрелавме проектили врз Израел и два американски носачи на авиони

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе