Вести Македонија Топ вести

Нема гаранции дека уставните измени би биле последно барање

Никој не може да и даде гаранции на Македонија дека ако сега го смени Уставот, нема да има нови пречки на европскиот пат. Ова е став на еврокомесарката за проширување, Марта Кос, искажан во интервју за Европската новинска редакција, на прашање на МИА дали по уставни измени не би имало нови блокади поради билатерални прашања поврзани со идентитетот, јазикот или историја.

„Разбираме дека ова не е лесно прашање. Промена на Устав. Сфаќаме и тоа е многу човечки и разбирливо што вашата земја сака да има гаранции по се она што го помина. Гаранции не може да има, но она што го очекувам од сите земји членки кога има билатерални прашања, е разговорите да се водат со добра волја и со визија да се дојде до компромис“, изјави Кос.

Според Кос најдобро би било билатералните прашања да не се мешаат во пристапниот процес. Таа најави дека патува во Бугарија каде ќе разговара собугарските политичари, а пото ќе контактира и со политичарите во земјава.

На изјавата на Кос реагираше македонското МНР со барање ЕУ да обезбеди институционални гаранции дека билатералните прашања нема да бидат инструментализирани за блокирање на пристапниот процес.

„Процесот на проширување на Европската Унија мора да биде предвидлив и заснован на објективни, мерливи критериуми, дефинирани во Копенхашките критериуми. Преговорите треба да се водат врз основа на заслуги“, се наведува во реакцијата од МНР.

Според МНР , само на само на тој начин може да се обезбеди транспарентен и предвидлив процес на пристапување.

Пред само два дена бугарскиот министер за надворешни работи, пак недвосмислено порача дека уставните измени се првиот, но не и последниот услов за Македонија на европскиот пат.

„Многу е важно да се знае дека промената на Уставот и впишувањето на Бугарите како државотворен народ не е единствен услов“, изјави Георгиев.

Георгиев притоа потенцира дека зад тоа не стои Бугарија, туку консензусот на цела ЕУ, при што како дополнителни услови за Македонија ги наброи почитување на Договорот за добрососедство, протоколите, како и Аакцискиот план за почитување на правата на малцинствата.

Taмара Грнчаровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тројца загинати и 8 повредени во тешка сообраќајна несреќа кај Кичево

Дејан Дејан

Трамп: Мировниот договор меѓу Украина и Русија мора да се постигне „брзо“

Дејан Дејан

Хутите тврдат: Истрелавме проектили врз Израел и два американски носачи на авиони

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе