Вести Македонија Топ вести

Еден месец по „Пулс“, Кочани без вообичаената врева низ улиците – ќе требаат децении за враќање на животот во нормала

Тага, болка, солзи. Семејства завиени во црнило. Еден месец по трагедијата во кочанската „Пулс“ во која животите ги загубија 61 млад човек низ улиците ја нема вообичаената врева. Нема дом, семејство кое не е поврзано со трагедијата во кочанската дискотека. По пожарот во дискотеката, на граѓаните ќе им требаат децении да се вратат во нормален тек на животот.

Општина Кочани од денеска официјално почна да функционира. Вe-де градоначалникот Венко Крстевски очекува денеска или утре да ги потпише платите за вработените во образованието, градинките и општинската администрација, а меѓу првите одлуки е финансиската помош за семејствата на настраданите во износ од три милиони денари.

Алармантна е состојбата во Општина Кочани. Делумно се реализирани проекти, комуналното претпријатие „Водовод“ има долг од три милиони евра, не се знае и дали е валидна оставката на директорот на ова претпријатие.

Крстевски најави војна на оние кои граделе нелегално и со нивните објекти ја загрозуваат безбедноста на граѓаните. Помош ќе побара и од неколку градоначалници, во делот на инспекциската работа, а очекува централната власт да помогне на градот Кочани, во овие тешки времиња.

Точно пред еден месец во дискотеката „Пулс“ загинаа 59 лица, еден ден подоцна срцето не издржа и на возачот на Итната медицинска помош, кој ги пренесувал повредените до болницата, а пред една недела на повредите им подлегнаа уште двајца кои се лекуваа во странство.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тројца загинати и 8 повредени во тешка сообраќајна несреќа кај Кичево

Дејан Дејан

Трамп: Мировниот договор меѓу Украина и Русија мора да се постигне „брзо“

Дејан Дејан

Хутите тврдат: Истрелавме проектили врз Израел и два американски носачи на авиони

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе