Вести Свет

Трамп: Можеби Харвард треба да го изгуби фискалното ослободување

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска му се закани на универзитетот Харвард со укинување на значајните фискални олеснувања, еден ден откако престижниот универзитет одби да ги исполни неговите барања.

  • Можеби Харвард треба да го изгуби фискалното ослободување и да биде оданочен како политички субјект, ако продолжи да турка политички, идеолошки и терористички инспирирани/поддржани „болести?“, напиша американскиот претседател на својата социјална мрежа Truth Social.

Американското Министерство за образование синоќа соопшти дека ја замрзнува федералната поддршка за Харвард универзитет во износ од приближно 2,3 милијарди долари. Причината е одбивањето на универзитетот да ги исполни барањата на Белата куќа, вклучувајќи и укинување на програмите за различност, еднаквост и инклузија.

  • „Изјавата на Харвард ја отсликува загрижувачката перцепција за граѓанските права која владее на врвните универзитети во САД – дека федералните средства не подразбираат обврска за почитување на законите“, се вели во соопштението на Работната група за борба против антисемитизам при министерството.

Министерството информираше дека се замрзнуваат 2,2 милијарди долари во грантови и уште 60 милиони во договори со универзитетот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Алијансата и Таравари одлучија со свои листи да одат на локални избори, но да останат во “Вреди”

Дејан Дејан

(видео)Централното претседателство на крилото на Арбен Таравари од АА- без конкретен одговор дали е можно и евентуално напуштање на Владата

Дејан Дејан

Топ Тема (15.04.2025) Интервју со државниот обвинител Љупчо Коцевски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе