Вести Свет Топ вести

НАТО: 3,5 отсто за одбрана и 1,5 отсто за цивилна подготвеност

Членките на НАТО разгледуваат можност за утврдување нова цел за трошење средства – не само за воените буџети, туку и за цивилна одбрана и поддршка на Украина, изјави шведскиот премиер Улф Кристерсон.

Голем број земји од Алијансата ги зголемија воените расходи по руската инвазија врз Украина во 2022 година, но сега се под притисок од американскиот претседател Доналд Трамп да достигнат уште повисоки нивоа на трошење – дури и до 5 отсто од БДП, што е значително над актуелната цел од 2 проценти.

Кристерсон рече дека на претстојниот самит на НАТО во Хаг во јуни можно е да се постигне договор за цел од над 3 отсто од БДП за одбрана, придружена со посебна цел за други расходи поврзани со безбедноста, цивилната одбрана и поддршката за Украина.

Тој додава дека во моментов се водат дискусии кои сè уште не се завршени. Според проценките на НАТО, 23 од 32 земји-членки минатата година ја исполниле или надминале целта од 2 отсто од БДП. Меѓу оние што не ја исполниле пак се најдоа и некои големи економии како Италија и Шпанија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

За Трамп Харвард е „шега“ што „учи на омраза и глупости“

Дејан Дејан

Избрана нова српска Влада на чело со Ѓуро Мацут

Дејан Дејан

ВРЕДИ не го исклучи Таравари, туку се самоисклучи, вели Меџити

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе