Не само таа лиценца, можам одговорно да тврдам дека иако немало потполна и законита документација, се давале лиценци. Сите лиценци се, речиси, со непотполна и законита документација, рече државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски во интервју во „Топ тема“ на ТВ Телма.
„Пред министерот да ја одобри, односно да издаде лиценца, треба да биде собрана сета документација од аспект на заштита и спасување, бројна излези, евакуација, ПП заштита, итн. Потоа објектот никогаш не бил во содејство со условите за кабаре во однос на градежниот материјал“, истакна Коцевски.