Поранешниот директорот и еден социјален работни од Меѓуопштински центар за социјални работи во Македонски Брод и покрај тоа што биле известени по телефон, молчеле и не презеле ништо за силување на дете, кое било во згрижувачко семејство.
Полицијата поднесе кривични пријави против поранешниот директор на Центарот за социјалана работа во Македонски Брод и социјален работник во установата, затоа што не пријавиле полов напад и силување на 8-годишно девојче од страна на 64-годишен жител на овој град.
Директорот и социјалниот работник на 7. март добиле телефонска пријава за случајот, но како службени лица свесно пропуштие да го пријават кривичното дело, а не презеле никакви законски дејствија за заштита на детето, со што создале услови за негова повторна виктимизација од старна на истото лице, информираат од СВР Битола.
На 64-годишниот жител на Македонски Брод му беше одреден притвор под сомнение дека сексуално го злоставувал 8-годишното девојче, сместено во згрижувачко семејство. Тој се сомничи дека делото го извршил на 3. април, а истото го сторил и на 7. март, за што од очевидец било пријавено во Центарот за социјалана работа, но од нивна страна не биле преземени мерки.
Стручен тим ан Министерството за социјална политика веднаш по настанот го одзеде 8-годишното девојче од згрижувачкото семејство и го смести во соодветна установа.
- „СВР Битола – ОВР Македонски Брод, до Oсновното јавно oбвинителство Кичево поднесе кривична пријава против Р.С.(38) и К.В.(44), двајцата од Македонски Брод, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непријавување кривично дело или сторител“ предвидено и казниво по член 364 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Првопријавениот, директор на Јавна установа Меѓуопштински центар за социјални работи Македонски Брод, а второпријавената социјален работник во установата, на 07.03.2025 добиле телефонска пријава за полов напад и силување на дете кое било доделено во згрижувачко семејство и не наполнило 15 години, извршено од лице од Македонски Брод. Имено, пријавените не презеле никакви службени дејствија по добиената пријава, како службени лица свесно пропуштиле да пријават кривично дело за кое дознале во вршењето на службената должност, а притоа не презеле никакви дејствија согласно законот за социјала заштита и подзаконските акти, Закон за правда на децата, со што создале услов за повторна виктимизација на детето-жртва на кривично дело“, соопштуваат од СВР Битола.