Вести Македонија Свет Топ вести

Западен Балкан денеска на агендата на Советот за надворешни работи на ЕУ

Во Луксембург денеска се одржува состанок на Советот за надворешни работи на Европската Унија, на кој министрите за надворешни работи ќе дискутираат за состојбите на Западниот Балкан, во Украина, на Блискиот Исток и за односите со Африка.

Со состанокот претседава високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас.

Според агендата, предвиден е и прв Дијалог на високо ниво меѓу ЕУ и Палестинската управа, како и четвртата Меѓувладина конференција со Албанија, каде што се очекува отворање на нови поглавја од пристапните преговори.

Министрите ќе разменат мислења за стабилноста и безбедноста на Западниот Балкан, а Калас ќе информира за својата неодамнешна посета на Црна Гора, Албанија и Босна и Херцеговина, како и за дијалогот Белград–Приштина.

На состанокот ќе се разговара и за состојбата во Украина и за натамошната поддршка од ЕУ, вклучително и воено засилување и санкции кон Русија.

Ќе се дискутира и за мировните напори и иницијативата на САД за прекин на огнот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

САД планира да затвори околу 30 амбасади и конзулати низ целиот свет дознава „Њујорк тајмс“

Дејан Дејан

(видео)Муртезани негира дека Таравари си заминал од Вреди поради поделбата на „фотелји“, вели, најверојатно се договорил со Ахмети за заеднички настап на локалните избори

Дејан Дејан

(живо) Муртезани во Топ Тема: Од Таравари беше побарано јавно да каже дека во никој случај нема да соработува со Али Ахмети

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе