Треба да ни кажат дали гонат за 292, став 3 или став 4. Замката кај ваквите кривични дела е што обвинителството најчесто оди дека се умислени за да го запазат рокот за застареност и заради големата казна предвидена за таквите кривични дела, а најчесто завршуваат како застарени или како кривични дела сторени од небрежност, рече адвокатот Валентин Зафиров во вечерашната дебата во „Топ тема“ на Телма ТВ за истрагата за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
„Дека градоначалникот што бил до 2017 година имал умисла, било директна или евентуална, да се случи ваков настан и се согласил со тоа, и на сите други функционери кои дејствуваа до 2019 година, 2020 година, е многу тешка за докажување. Не велам дека немаат морална или потличка одговорност, меѓутоа за кривична одговорност, сепак, треба да се докаже и тука е мислам замката“, вели Зафиров.