Од обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција пред малку ни стигна одговор дека „во моментов нема проширување на постапката што би била во надлежноста на Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања при ОЈОГОКК.“
На прашањето на Телма кога обвинителството влегло во МВР,како што изјави министерот Тошковски, одговорија „воедно ве потсетуваме дека Министерството за внатрешни работи има надлежност да презема дејствија во рамките на постапката.“