Вести Македонија Топ вести

ДЗР ги повика партиите да ги пријават трошоци за 2024 година, бидејќи ќе останат без државни пари

Во интерес на обезбедување законитост, транспарентност и отчетност спрема граѓаните на Република Северна Македонија за трошењето на средствата обезбедени од Буџетот на Република Северна Македонија за финансирање на активностите од редовното работење на политичките партии регистрирани во земјата, од Државниот завод за ревизија укажуваат на потребата од навремено исполнување на обврските за редовно годишно финансиско известување од страна на сите сите политички партии односно:

  • „Согласно 27-б од Законот за финансирање на политичките партии („Службен весник на Република Македонија“ бр. 76/04, 86/08, 161/08, 96/09, 148/11, 142/12, 23/13 и 140/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 294/20) Министерот за правда по предлог на Државниот завод за ревизија донесува Одлука за запирање (суспензија) на исплатата на средствата за редовно годишно финансирање од Буџетот на Република Северна Македонија на политичките партии кои не поднеле финансиски извештаи во законски утврдените рокови, односно во случајот не поднеле Извештај од регистарот на примени донации, годишна сметка и/или годишен финансиски извештај согласно одредбите од член 25, член 26 и член 27 од истиот Закон, во случајот, за известувачката 2024 година.

Во поглед на констатираната фактичка состојба на финансиско известување за известувачката 2024 година, ДЗР укажува на потреба од итно постапување на политичките партии кои заклучно со 30.03.2025 година сеуште не ги поднеле сите или некои од погоренаведените финансиски извештаи, односно упатува ИТНО да ги достават до Државниот завод за ревизија, како поради фактот што во спротивно, а согласно своите законски надлежности ДЗР ќе поднесе предлог до министерот за правда за донесување Одлука за запирање на исплатата на средствата за редовно годишно финансирање од Буџетот на Република Северна Македонија за 2025 година за политичките партии кои нема да ги поднесат финансиските извештаи за 2024 година, така и поради фактот што со недоставување на финансиските извештаи се влијае негативно на степенот на отчетност, транспарентност и јавност во трошењето на јавните средства обезбедени од Буџетот од страна на политичките партии и се нарушува угледот на Република Северна Македонија пред мониторинг телата на Европската Унија и меѓународната заедница во целина“, се вели во соопштението за медиуми од Државниот завод за ревизија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Телма интервју со Еленко Миланов, адвокат на екс министрите за економија Бектеши и Незири за случајот во Кочани

Дејан Дејан

САД планира да затвори околу 30 амбасади и конзулати низ целиот свет дознава „Њујорк тајмс“

Дејан Дејан

(видео)Муртезани негира дека Таравари си заминал од Вреди поради поделбата на „фотелји“, вели, најверојатно се договорил со Ахмети за заеднички настап на локалните избори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе