Балкан Вести Свет

Му ги зеле врвките од патиките при апсењето, но не му кажале зошто е приведен, хрватскиот панк-рокер Кекин ослободен и вети нова песна

Преку објава на социјалните мрежи, хрватскиот панк-рокер Миле Кекин, поранешен пејач на легендарната група “Хладно пиво” соопшти дека е ослободен од полициска станица и ги покажа патиките од кои на левата нема врвки.

Кекин соопшти дека утрово бил приведен од 4-ца полицајци кои упаднале во неговиот дом, го ставиле во полициска марица и пред да биде сместен во келијата во станица- му биле земени врвките од патиките.

Тој е осомничен во истрага за злоупотреби со градежно земјиште на хрватското приморје, но не беше побаран притвор за него. Кекин тврди дека никој не му кажал зошто е уапсен.

Миле е сопруг на Ивана Кекин, хрватската пратеничка и кандидатка за претседателка на Хрватска на последните избори од партијата “Можемо”. Позната е по честите критики на корупциските афери и скандали на членови на владата на Пленковиќ.

Апсењето на Кекин се совпадна со почетокот на расправата за одговорност на хрватскиот државен обвинител Иван Турудиќ кој пак често е мета на критиките на опозицијата затоа што беше избран и покрај блиски врски со луѓе опфатени со истраги за криминал и со припадници на владеачката партија ХДЗ. Поради тоа, многумина гледаат политика во случајот со апсењето на Кекин.

Рокерот се “оправда” дека сега има алиби доколку жена му го праша каде бил во петок и најави дека утре ќе го одржи закажаниот концерт во Белград. Вети и нова песна за новото искуство со полицијата.

Миле Кекин беше пејач на култната група “Хладно пиво” во чие формирање учествуваше пред крајот на социјалистичка Југославија. Првиот концерт го одржале во родното место на Јосип Броз Тито во 1988-ма, а во 90-тите години станаа препознатлива и квалитетна група чии дела беа од панк-рок жанрот.

Првиот албум на “Хладно пиво” го носеше името Џиновски и е издаден во 1993-та година. По 36 години постоење ХП односно “Хладно пиво” се “стопли” и се распадна. Имаше десетици настапи и во Македонија, како и верна публика која ги следеше со децении.

Една од песните на групата се вика “Политика” и Кекин ги пее и следните стихови кои речиси ја доловуваат неговата авантура од денеска:

Politika me u zivotu uvijek pratila u stopu
i bacala duge sjene uvijek kad mi krene

(Политиката во животот ме следеше секогаш и     фрлаше долги сенки секогаш кога ќе ми тргне)

Уапсен Миле Кекин фронтмен на бендот „Хладно пиво“ се сомничи за измама на недвижности

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калас: Кој ќе оди во Москва на Денот на победата, ќе сноси последици

Дејан Дејан

Албин Курти поднесе оставка на премиерската функција

Дејан Дејан

Спротивставените изјави од Вашингтон сѐ уште ја брануваат глобалната трговија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе