Ескалира трговската војна САД – Кина. Официјален Пекинг објави ги зголеми царините за американските стоки кои се увезуваат во земјата на 125% . Одлуката стапува на сила утре. Новите царини се одговор на сегашната давачка од 145% која Вашингтон ја воведе за кинеските стоки кои влегуваат во САД. Во обидот инвеститоторите да ги обезбедат своите средства, златото се искачи на рекордно високо ниво. Европските акции имаа позитивен почеток, но многу азиски пазари се во пад поради несигурноста на даноците. Кристин Лагард порача дека мора да се гарантира финансиска стабилност во еврозоната.
- Во однос на тоа, јас едноставно ќе кажам дека Европската централна банка го следи и секогаш е подготвена да ги користи инструментите што ги има на располагање и во минатото излезе со соодветни инструменти и алатки што беа потребни за да се стабилизираат цените и се разбира, финансиската стабилност, затоа што едното не оди без другото, рече Кристин Лагард, Претседателка на Европската централна банка.
Откако кинескиот претседател Си Џинпинг го повика Брисел да му се придружи на Пекинг во спротивставувањето на ова, како што го нарече, „малтретирање“ од страна на САД, комесарот за трговија на ЕУ, рече дека Европа не ја „започна оваа конфронтација“ со САД, но е подготвена да „преговара“.
- Подготвени сме да преговараме за заемно прифатлив исход додека ги браниме нашите економски интереси. Значи, нема потреба да продолжиме да ги повредуваме сопствените и економијата на САД. Всушност, ние понудивме нула за нула тарифи за индустриски производи. Но, се разбира, доколку има потреба, ние сме исто така подготвени да одговориме со контрамерки за да ги заштитиме нашите интереси, нашите луѓе и нашите компании, рече Валдис Домбровскис, Комесар за економија на ЕУ.
Глобалниот пазарот е загрижен дека трговската војна меѓу двете најголеми економски сили во светот – САД и Кина – ќе предизвика рецесија на глобалната економија. Сепак кај Трамп не паѓа оптимизмот дека ќе биде постигнат договор со Пекинг. Американскиот претседател во свој стил вели дека тарифите го прават „многу среќен“, а целта е да ги натера земјите од светот да бидат праведни кон САД.
Билјана Ставрова